вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 166
home Вести

Даштевски: Во 99% од избирачките места, уредите за отчитување отпечаток од прст работеа добро

Даштевски: Во 99% од избирачките места, уредите за отчитување отпечаток од прст работеа добро

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, оцени дека изборите во однос на првиот круг се успешни. Тој изјави дека излезноста на локалните избори во првиот круг е околу 51,5 отсто.

Во вчерашниот дневник на ТВ Сител, Даштевски истакна дека до ДИК се стигнати неколку приговори, а рокот за поднесување приговори истекува 48 часа по изборите.

Во однос на решенијата за уверение за завршени избори, тие ќе бидат издадени 10 дена по завршување на изборите, односно во ноември.

„Овие избори се најголеми избори досега, потрошени се 60 тона хартија и испринтани се 45 милиони ливчиња и затоа беа многу тешки да се спроведат“, додаде претседателот на ДИК.

Во 99 отсто од избирачките места, уредите за отчитување отпечаток од прст работеле добро, вели Даштевски и додава дека во текот на денот донел само 6 решенија со коишто се преминува на класично гласање, што во главно биле планински места.

Најнови вести

Коронавирус