вторник, 20. август 2019. Вести денес: 0
home Вести

Даштевски: Ваков дебакл не очекував од владејачката гарнитура

Даштевски: Ваков дебакл не очекував од владејачката гарнитура

Политичкиот аналитичар и универзитетски проферсор Александар Даштевски, вечерва во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија истакна дека власта доживеала дебакл и потенцираше дека меѓународната заедница е најголем критичар на власта, затоа што не се испорачани резултати.

-Во однос на реконструкцијата, метлата, нема врска ова со реконструкција затоа што ДУИ рече дека нема да дозволи смена на нивните министри и тоа се поврди, само се ротираа во други функции, вели Даштевски.

Тој објасни дека кога немаме резултати во делот на економијата, датумот тешко е се добие и во септември и во октомври.

-Власта употребува флоскули секојдневно што на некој начин ги омаловажуваат граѓаните, како што се изјавите дека расте стандардот, дека младите не си туку дека се враќаат, дека платите се зголемуваат, а ние не сме дошле ни до оние 500 евра. Мојот став е дека излезот од ова е или широка влада или предвремени избори, вели Даштевски.