среда, 2. декември 2020. Вести денес: 156
home Вести

Даштевски: Свесноста за убедливиот пораз на изборите е причина што Заев молчи за предлогот на Мицкоски за кандидат мандатар

Даштевски: Свесноста за убедливиот пораз на изборите е причина што Заев молчи за предлогот на Мицкоски за кандидат мандатар

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на крајот од ноември говорејќи за претстојните парламентарни избори посочи дека најважно е да се пресликаат европските стандарди во Македонија, а тоа ќе се случи така што согласно европските пракси ќе се воведе кандидат за иден мандатар и токму тој ќе биде носите на кампањата која што политичките партии ќе ја спроведуваат.

-Мислам дека е многу важно тие европски стандарди да ги пресликаме во Македонија. Вие се сеќавате, имаше Европски избори, не така одамна, повторно победи ЕНП и Европската народна партија имаше таканаречен шпицен кандидат, односно мандатар. Ајде да воведеме во Македонија, мандатар, односно носител на мандатот на идната Влада, мандатар кој што практично ќе биде носител на кампањата која што треба политичките партии да ја спроведуваат, додаде тој.

Премиерот Заев од собраниската говорница одговори дека тој ќе биде кандидатот за премиер и ќе „играл“ како што вели на сите позиции. Тој вели дека очекува победа на СДСМ со убава разлика за да добијат еден цел мандат од четири години и да се посветат на внатрешните трансформативни процеси.

Но, Заев не собра храброст директно да застане зад предлогот на Мицкоски.

-Јас се согласувам да имаме кампања каде што двата премиерски кандидати ќе бидат истакнати, ќе бидат видливи, ќе бидат отворени, ќе бидат транспарентни, дуел ќе прифатам во било кое време на секој медиум, на секоја можност, се надевам вашиот лидер тоа ќе го прифати затоа што тоа е дел од обврската наша како кандидати, рече  Заев, но пропушти да одговори дали доколку при неуспех на престојните избори ќе се повлече од политиката и од претседателското место во СДСМ.

Кога Мицкоски јавно кажа дека ќе биде кандидат мандатар, се очекуваше одговор и од Зоран Заев, но изгледа екс-премиерот не е подготвен да се откаже од имунитетот откако ќе загуби на изборите.

КУРИР на оваа тема побара став од политичкиот аналитичар Александар Даштевски.

-Нормално е никој од власта да не сака да се произнесе по однос на предлогот на лидерот на опозицијата Мицковски за кандидат за мандатар. Главните причини не само затоа што не се произнесоа за тој предлог, туку и што не сакаат да разговараат за тоа, се свесноста за убедливиот пораз што ќе го претрпат на изборите. Тоа ќе се случи поради продажба на националните интереси, неконтролираната корупција и криминал во сопствените редови и катастрофално лошата економска состојба, огромното задолжување, преселба на младите во странство, најнискиот животен стандард во Европа. Токму затоа поранешниот премиер Заев, но и други партиски функционери ќе сакаат да биде на листа. Заев ќе сака да стане пратеник за да се заштити од евентуално гонење за повеќето афери со рекет, незаконските наместени тендери во четири очи, делење на државни пари за партиски цели и друго, истакна тој во изјава за КУРИР.

Најнови вести

Коронавирус