четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Даштевски: Според Изборниот законик мора да се набават скенери за отпечаток на прст, друга алтернатива нема

Даштевски: Според Изборниот законик мора да се набават скенери за отпечаток на прст, друга алтернатива нема

На овие локални избори ќе има потреба од скенирање на отпечаток од прст. Направени се измени во Изборниот законик. Тоа се членовите 45, 89 и 108а кои што се донесени во постапка минатата година на 16-ти февруари и е одлучено да се спроведат на локалните избори оваа година, истакна претседателот на ДИК, Александар Даштевски во “Тема на денот” во вестите на Сител телевизија.

-Ние сме нови, односно 3 недели во ДИК и прво што направивме е тоа дека поднесовме до Министерство за финансии за одобрување на средства за купување на таа техничка опрема. Па, откако ќе ја купиме, да донесеме правилник со кој ќе го уредиме начинот на гласање. Но, за тоа не се предвидени средства во буџетот. Уште минатата година екс претседателот на ДИК барал средства од Владата но, не добил одговор. И денеска добиваме одговор, дека доколку ДИК е во можност да ги спроведе изборите, тогаш ќе се одобрат средства. Што за мене е нејасна одлука, бидејќи согласно со членот 25 од Изборниот законик сите државни органи се должни да му ги пружат сите услови на Собранието. И на денешната седница предложив да се обратиме и до Владата, но тоа беше одбиено. Ние се сомневаме дали воопшто ќе можеме да ја исполниме таа обврска со набавката на опремата, но ние немаме алтернатива. Затоа и го цитирав членот 25, за да успее измената во Изборниот законик целата држава мора да се ангажира, рече тој/

ЕУРО 2020

Македонија