петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 147
home Вести

Даштевски: Одредбите на предлог законот за ЈО се доста нејасни и спротивни на Уставот

Даштевски: Одредбите на предлог законот за ЈО се доста нејасни и спротивни на Уставот

Член 8, став 1 од предлог законот за Јавно обвинителство сметам дека е несоодветен бидејќи презема дел од надлежностите кои што спаѓаат во Уставната материја а претходно е наведено дека овој закон се донесува врз основа на Уставот на Република Македонија, е дел од забелешките од страна на професорот Александар Даштевски на денешната втора јавна расправа во собранието за предлог законот за Јавно обвинителство.

Даштевски истакна дека и во членот 20 има голем број на нејаснотии укажувајќи дека мора да се наведе прецизно во законот што точно се однесува на стручни прашања додавајќи дека вака не докажано може да создаде дуализам и недоразбирање.

Членот 20 се работи за колегиум, меѓутоа овде не се наведени стручни прашања само е наведено стручни прашања и сметам дека тука треба да се дообјасни, барем делумно. Доколку не може да се дообјасни може да се појави дуализам бидејќи знаеме дека одредени ЈО имаат свои ставови и правната пракса да не соодејствува, затоа сметам дека треба да се дообјасни, вели Даштевски.

Според Даштевски именувањето на јавниот обвинител треба да се именува само еднаш според препораките на Венецијанската комисија.

Членот 63 по мене е најсимптоматичен. Стои дека јавниот обвинител се избира за време траење од 6 години а го именува Собранието со право на повторно именување. Сметам дека овде не е ограничен изборот и апсолутно треба да се смени бидејќи препораката на Венецијанската комисија е да биде само еднаш на 6 години, кажа Даштевски.

Коронавирус