недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Даштевски: Комисијата за заразни болести не беше професионална во справување со коронавирусот во земјата

Даштевски: Комисијата за заразни болести не беше професионална во справување со коронавирусот во земјата

Александар Даштевски во своето гостување во „Топ Тема“ зборуваше за состојбата во државата поврзана со пандемијата каде посочи дека Комисијата за заразни болести не беше професионална во справување со корона вирусот и дека поради таа непрофесионалност се случија многу работи.

-Јас не се согласувам дека Комисијата за заразни болести добро си ја завршила добро работата. Не може да се обвинува народот, ако не ги спроведува тој што треба да ги спроведува мерките ќе се преземат мерки да ги спроведува, а контрадикторно на тоа дека не се спроведуваат мерките не се укинуваат целосно може да се засилат или ослободат, а не да се укинат. Ако Комисијата не сака да си даде оставка нека се стават експерти кои навистина ги имаме. Според мене Комисијата треба да биде професионална и сите сме сме свесни дека не беше цело време професионална и затоа се случија многу работи, истакна Даштевски.

Коронавирус