четврток, 20. септември 2018. Вести денес: 5
home Вести

Даштевски: Комисијата за дискриминација водеше законска постапка, притисокот на Џолев е мешање на судската во законодавната власт

Даштевски: Комисијата за дискриминација водеше законска постапка, притисокот на Џолев е мешање на судската во законодавната власт

Постапката е водена најтранспарентно и најзаконски Членот 16 вели дека „Комисијата за заштита од дискриминација е самостоен и независен орган кој работи во согласност со надлежностите утврдени во законот“. Не може некој да се меша, а особено претседател на Кривичен суд, што претставува притисок врз работењето на Комисијата. Оваа Комисија е под Собранието што дополнително значи мешање на судската во законодавната власт, вели Александар Даштевски универзитетски професор и претседател на Комисијата за заштита од дискриминација

Даштевски објаснува дека Комисијата одлучува со мнозинство и има7 члена, а притисокот го смета за преседан. Вели дека не му е јасно зошто ударот е само кон него, кога одлуките се носат со мнозинството на Комисијата.

Претседателот на Комисијата вели дека ваквото однесување е спротивно на сите европски вредности, а се прави директен притисок врз Комисијата.