недела, 5. декември 2021. Вести денес: 83
home Вести

Даштевски: Граѓаните масовно да излезат на изборите за да бидат успешни

Даштевски: Граѓаните масовно да излезат на изборите за да бидат успешни

Граѓаните масовно да излезат на локални избори за тие да бидат успешни, порача претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски оценувајќи дека генерално излезноста до 13 часот е добра.

Тој истакна дека гужвите пред избирачките места се создаваат бидејќи малку луѓе се пуштаат да бидат во избирачкото место.

Посочи дека ќе пратат допис до Општинските изборни комисии на избирачките места да бидат пуштени оддеднаш онолку граѓани колку што има кабини за гласање, со цел да се намалат гужвите.

До 12:30 часот до ДИК пристигнале 48 приговори за заштита на избирачки права. Од нив, информира Даштевски, 26 се прифатени, четири се одбиени, а 18 во обработка.

На 11 избирачки места имало прекин од над еден час, што значи дека за исто толку време ќе продолжи гласањето.

На шест избирачки места гласањето се одвива со спреј и УВ ламба, а по добиено решение од ДИК.

Коронавирус