сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 78
home Вести

Даштевски: ДИК ги чека измените на законот за да почне со набавката на фингерпринт апаратите, ќе бидат потребни 4,000 уреди за спроведување на гласањето

Даштевски: ДИК ги чека измените на законот за да почне со набавката на  фингерпринт апаратите, ќе бидат потребни 4,000 уреди за спроведување на гласањето

Претседателот на Државната изборна комисија во гостување на „Утрински брифинг“ утрово посочи дека во тек е анализа на техничките податоци и истражувања на пазарот за набавка на фингерпринт апаратите, како и дека ќе бидат потребни 4,000 уреди за да се спроведе гласањето во сите избирачки места со скенери за отпечаток на прст.

Треба да се направат измени на законот за да се направи тоа гласање со отпечаток на прст подобро бидејќи ни е прв пат да го спроведуваме, ние направивме првична проценка, според која ова ќе чини повеќе, па сеуште ја правиме таа подготовка, но некаде би требало да биде околу 10 милиони евра.

Даштевски вели дека ако се сака да се спроведат добри избори и фер и демократски, бидејќи постојат различни скенери за отпечатоци, колку скенерите се поквалитетни толку ќе биде спроведувањето и отпечатоците веродостојни.

Потребни се толку уреди колку што има избирачки места, значи 3,500 уреди, но се земаат 10% повеќе за резерва, во случај да се расипат дел од нив, значи околу 4,000 уреди се потребни заедно со софтверот кој оди со нив, обајсни Даштевски.

Даштевски вели дека во моментов ДИК прави анализа на техничките податоци и испитувања на пазарот, колку се тоа ќе не чини, но најмалку би било 10 милиони евра бидејќи навистина станува збор за скапа операција.

Во некои земји има и електронско гласање, но фингерпринтот е прв чекор кон електронското гласање, во Бугарија на пример на гласањето викендов ќе се одвива електронски, а во Албанија има пилот исто за тестирање на електронско гласање, вели Даштевски.

Коронавирус