вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 8
home Вести

Дарувал крв 90 пати: Скопјанец вратен од вакциналниот пункт без образложение

Дарувал крв 90 пати: Скопјанец вратен од вакциналниот пункт без образложение

Добил термин за вакцинација, но без никакво образложение  бил вратен од вакциналниот пункт.  59-годишниот крводарител Зоран Трипчуновски за Алфа раскажува како останал извисен. Во изминатите  36 години дури 90 пати дарувал крв.  Лут е на здравствените власти затоа што не добил вакцина, а спасил стотици човечки животи.

-Отидов во Борис Трајковски и им велат 90 пати имам дарувано крв.И плус два пати крвна  плазма. Од таму ми велат господине не сте на ред…јас им велам имам документ од матичен, еве го. Па потоа ми велат ете го министерот Филипче е таму, реагирај. А околу него имаше 50 луѓе, па си заминав.И реков, веќе никогаш во животот нема да дарувам крв, ни капка, вели Зоран Трипчуновски.

Трипчуновски пред повеќе месеци бил заболен од ковид 19 и успеал да се избори со опасниот вирус, по што дарувал и крвна плазма.

-Јас не го познавам човекот од Гевгелија му требаше крвна плазма и  јас решив да помогнам, кажа Трипчуновски.

Хаосот со приоритетните групи за вакцинација не завршува тука…и доктори и медицински сестри  се жалат дека се уште не се имунизирани.

“За доктори и медицински сестри нема вакцина-вратени од КАВАДАРЦИ назад.(се работи за доктор кој без престан прегледуваше ковид суспектни и ковид позитивни пациенти,не врати ниту еден! За каква масовна вакцинација станува збор ако прво не го вакцинирате примарното здравство????РЕЗИЛ СТЕ! Толку ли нема тим компетентен да направи план за вакцинација???” – напиша докторка на фејсбук.

И хронично болните долго време се жалат дека останале извисени од државата и не добија приоритет за вакцинација.

ЕУРО 2020

Македонија