понеделник, 21. октомври 2019. Вести денес: 17
home Вести

Дарко Јаневски: Ако може на ваков неправеден начин да се осуди поранешен премиер, што останува за граѓаните?

Дарко Јаневски: Ако може на ваков неправеден начин да се осуди поранешен премиер, што останува за граѓаните?

Според новинарот Дарко Јаневски кој вечерва беше гостин во емисијата „Отворено„ на Алфа ТВ, тоа што молбата на Груевски за одложување на извршување на казната е одбиена е очекуван потег.

-Се разбира дека е очекувано. Сите ние имаме проблем со сиот овој новопоставен систем којшто доведе до оваа ситуација, кој започна од оној Пржински договор, од формирањето на СЈО, одбивањето премолчено на Уставниот суд да се изјасни по повод тој случај по повод преставките, бидејќи таму има судии коишто не сакаа да ги прифатат политичките наредби да се потпишат врз решение коешто би означило дека СЈО е неуставно, но од друга страна не смеат, поради тој политички притисок да си дозволат да го поништат законот со кој тоа е формирано. Така, ние од самиот почеток имаме дива процедура во која во низа делови е исклучен и законот за кривична постапка, како системски закон за разлика од оној за Специјалното обвинителство кој е ад хок закон и создаден е еден систем кој излегува од рамките кои ги пропишува Уставот и нема тука што да се очекува или да не се очекува, во крајна линија кога се дојде во оваа фаза, во случајот со Груевски, нели? Кога имаме нешто што е практично надвор од правниот систем, во тој случај се е дозволено и тука не може да има никакви изненадувања. Го очекувате најлошото, затоа што врз таа основа е создаден тој систем, врз таа основа е создадено тоа СЈО, вели тој.

Јаневски порача дека не е никаква тајна дека сите судии се впрегнати во таа политичка шема, која започна со Пржинскиот договор и СЈО.

-Станува збор, не за тоа каква ќе биде судбината на Груевски, туку за комплетно девастирање на правниот систем и идеја, според мене, да се уништи функционирањето на Македонија како каква-таква правна држава, каква што беше претходно. Значи последната надеж на обичниот граѓанин е дека сепак, можеби тука и таму системот функционира, да се уништи таа надеж, да кренат луѓето рака и во контекст на сите овие случувања што се поврзани со Договорот со Грција, едноставно луѓето да се предадат. Не треба да ја повторувам пораката што произлегува од овој случај со Груевски, која веројатно им е позната на сите гледачи, а таа е дека ако може на ваков неправен начин и со ваков процес да биде осуден еден поранешен премиер, тогаш што останува за вас. На тоа надоврзете ги овие процеси за 27 април итн. и добивате една комплетна слика за тоа што и како се случува. Ова со Груевски не е изненадување, но поентата треба да се гледа пошироко, како што реков, поентата е да се уништи идејата дека Македонија во овој момент, а и во догледен период, може барем на минимално ниво да функционира како правна држава, вели Јаневски.