петок, 24. септември 2021. Вести денес: 64
home Вести

Данска ќе донира два милиона вакцини „АстраЗенека“, Македонија една од земјите

Данска ќе донира два милиона вакцини „АстраЗенека“, Македонија една од земјите

Данска ќе донира два милиона дози од вакцината „АстраЗенека“ против Ковид-19 на земјите од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Косово, како и дополнителни милиони дози од истата вакцина за програмата КОВАКС.

Данскиот министер за надворешни работи, Јепе Кофод, изјави дека е задоволен што може да им помогне на блиските партнери со вакцини, како најефикасното оружје против пандемијата.

Данската Влада соопшти дека донацијата преку системот КОВАКС првенствено е наменета за земјите од Северна Африка и Бутан, пренесува Клик.ба.

Коронавирус