четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 108
МЕГА БОМБА

АУДИО: Објавена нова бомба за Заев – „Маме ќе им e*aм на сите што ќе влезат кај мене во коалиција“

home Вести

Даниловски: Сосема доволно би било да се стават делови од Скопје во карантин кои што се жаришта на Ковид-19

Даниловски: Сосема доволно би било да се стават делови од Скопје во карантин кои што се жаришта на Ковид-19

Вечерва во „Само Вистина“ имаше јавување Драган Даниловски кој што посочи дека не ни помислил дека вака ќе се случи за викендот. Тој смета дека требало само жариштата на Ковид-19 да се изолираат и затворат, а не вака.

„Мислев дека навистина е сосема доволно и целисходно да се стават во карантин или ако сакате да се изолираат оние подрачја само кај што живеат новите случаи кои што се регистрирани. Тоа се тие познати населби околу Скопје. Аеродром е тука од овие градскиве, потесно градски подрачја. Штип од друга страна во Источна Македонија. Тетово можеби во Западна. После скопските општини и тоа е тоа“, појасни Даниловски.

Даниловски додаде дека би можело делови од Скопје кои што се жаришта на Ковид-19 ефикасно да се изолираат.

„Мислам дека ќе беше поблага варијанта, немаше да изгледа како казна за оние граѓани кои што ги почитуваат мерките и сега наеднаш да се најдат и оние делови од Скопје кои што немаат проблем со пораст на број на случаи“, истакна Даниловски.

Парламентарни избори 2020