среда, 3. август 2022. Вести денес: 165
home Вести

Даниловски: Пикот ќе настапи во следниве седум дена, новиот сој ќе ја полни статистиката додека не прегори!

Даниловски: Пикот ќе настапи во следниве седум дена, новиот сој ќе ја полни статистиката додека не прегори!

Епидемиологот Драган Даниловски во изјава за ТВ24 порача дека не се потребни нови рестриктивни мерки и покрај зголемувањето на бројот на случаи во изминатите неколку седмици.

Според неговите очекувања, бројот на заразни од наредниот месец значително ќе се намали.

„Рестрективни мерки не се потребни, потребно е само да продолжат досегашните мерки, за носење маски во затворени простори, ова треба особено да важи за ранливите категории. Новиот сој на Ковид-19 ќе ја полни статистиката додека не прегори. Пикот ќе настапи во следниве седум дена и веќе во септември се очекува бројките да стивнат“, истакна Даниловски.

Најнови вести

Коронавирус