четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Вести

Даниела Николова од СДСМ-Аеродром доаѓа на пратеничкото место на Богдановски

Даниела Николова од СДСМ-Аеродром доаѓа на пратеничкото место на Богдановски

Претходно, Анета Симеска-Димоска одбила да биде пратеничка бидејќи неодамна беше именувана за в.д. директорка на Државниот пазарен инспекторат.

Собранието денеска констатираше две оставки, таа на пратеникот Мирослав Богдановски од Демократска обнова на Македонија (ДОМ) и на членот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), Дино Дрпљанин.

Иако имаа право, Дрпљанин и Богдановски не ги образложија своите оставки на седница, а претседателот на Собранието Талат Џафери констатира дека престанува нивниот мандат.

На местото на Богдановски во парламентот влегува Даниела Николова од Аеродром, со што СДСМ добива уште еден пратеник од своите редови. Државната изборна комисија (ДИК) веќе го потврдила мандатот на Николова. Претходно, Анета Симеска-Димоска одбила да биде пратеничка бидејќи неодамна беше именувана за в.д. директорка на Државниот пазарен инспекторат.

Коронавирус