сабота, 1. октомври 2022. Вести денес: 5
home Вести

Даниел Дончевски: По петти пат крстот е во мои раце, оваа година се потврди дека тоа не е случајно (ВИДЕО)

Даниел Дончевски: По петти пат крстот е во мои раце, оваа година се потврди дека тоа не е случајно (ВИДЕО)

Бог се јави. Навистина се јави.

Младиот Даниел Дончевски по петти пат го извади светиот крст од водите на реката Вардар кои претходно ги освети архиепископот охридски и македонски Г.Г. Стефан и свештенството на МПЦ-ОА.

Тој им посака здравје и среќа на сите православни Христијани во државата.

Даниел наградата и ја посвети на 9-годишната Биле Пешевска која се бори со тешка болест.

-Сакам на сите мои Христијани да им го честитам големиоот празник Богојавление Водици, да им посакам здравје, среќа, љубов и да бидеме вака сплотени секоја час, секоја година, во мир и да се покајуваме и со љубов и вистинска вера да ги прославуваме нашите христијански празници. Овде сум пред се за здравје за мојата фамилија, но сакам да упатам и еден поздрав до еден мал јунак Биле Пешевска, херој што се бори против една болест од која многу би се откажале. Би и посакал и нејзе здравје и среќа и да се чува. По петти пат крстот е во мои раце и оваа година се потврди дека тоа не е случајно, изјави Дончевски.

Коронавирус