вторник, 3. октомври 2023. Вести денес: 2
home Вести

Дангов: Во случајот „Тенк“ се прекршува Законот за заштита на приватноста, СЈО требаше да поденсе кривична пријава за СДСМ

Дангов: Во случајот „Тенк“ се прекршува Законот за заштита на приватноста, СЈО требаше да поденсе кривична пријава за СДСМ

На денешното рочиште за случајот „Тенк“, адвокатот Димитар Дангов во своето завршно обраќање кажа дека аудио снимките кои се користат во овој случај се во спротивност со Законот за заштита на приватноста

-Зa прв ќе се осврнам на Законот за заштита на приватноста, кој ниеден суд во оваа или друга постапка во која се постапува по обвинение на СЈО, не го опсервирал. Од него произлегува дека материјалите произлезени од незаконско следење на комуникациите, по истекот на рокот пропишан со тој Закон во кој СЈО можел законито да ги прибавува за да ги употребува заради истражување во смисла на член 5 од Законот за СЈО, се незаконити и постои забрана за нивна употреба во конкретната и во било која друга кривична постапка, кажа Дангов во своето завршно обраќање.

Овој Закон беше донесен на 9 ноември 2015 год. и беше објавен следниот ден, на 10 ноември 2015 год. и беше во сила до 20 мај 2016 год., кога стапи во сила целосно нов Закон за заштита на приватноста.

-Станува збор за два идентични закони, со разлика во тоа што новиот не го содржи најбитниот член 2 од претходниот Закон, бидејќи едноставно е избришан. Но независно од тоа, последиците кои Законот од 2015 год. веќе ги предизвикал по однос на легитимноста на аудио снимките, стапиле во сила, и новиот закон донесен во месец мај 2016 год. нема влијание на материјалите за незаконските комуникации, тие материјали повторно да станат законити за да се употребуваат во кривична судска постапка. Овој Закон е лекс специјалис во однос на ЗКП во делот на прибавување на материјалите наменети за употреба во оваа постапка во смисла на одредбие од чл. 287 од ЗКП, и лекс специјалис во однос на тоа зошто и кога овие материјали се незаконити и постои забрана за нивна употреба во кривична постапка, во смисла на член 12 од ЗКП, кажа Дангов.

Инаку, Дангов кажа дека по однос на овој закон од 2015 година, најголемиот правен авторитет во Европа, а тоа е Венецијанската комисија при Советот на Европа има дадено мислење бр. 829/2016 од 15.03.2016, кое овој совет се очекува по службена должност да го има во предвид при пресудувањето.

Што содржи Законот за заштита на приватноста, донесен на ден 09.10.2015 год:

Овој Закон има 7 члена, од кои особено се значајни чл. 1, 2 и 6 од Законот.

Член 1, став 1 се однесува за целите на носење на Законот, а тоа е заштитата на приватноста на граѓаните на РМ, гарантирана со Уставот и Европската конвенција за човекови права, а во врска со материјалите кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите извршени во периодот од 2008 год. до 2015 год.

Став 2 од овој член предвидува три форми на забрана во однос на материјалите со кои се врши повреда на личниот и семејниот живот. Тоа се забраната за поседување, за обработка и за јавно објавување на вакви материјали.

Значајно е дека став 3 од член 1 од Законот предвидува и четврта забрана која се протега на употреба на овие материјали во конкретната постапка.

Адвокатот кажа и како требало да се постапува со материјалите односно аудио снимките приложени кон обвинението во овој предмет, во согласност со овој Закон, донесен исклучиво за таа намена, во пакет со Законот за СЈО.

-Согласно член 2 од овој Закон, секој кој поседува материјали од незаконското следење на комуникациите, а под секој се подразбираат и политичките партии, во врска со примопредавање на овие материјали имаат обврска да постапуваат во строго определена и преклузивна временска рамка од 20 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон а тоа е периодот од 10. ноември 2015 год. до 30 ноември 2015 год, кажа Дангов.

Тој напомена овој период отпочнал да тече од 10 ноември 2015 год. бидејки согласно член 7, овој Закон стапи во сила на денот на објавување во службен весник, на овој ден.

-Според законодавецот, овој преклузивен рок е во функција, токму на заштитата на приватноста на граѓаните на РМ, и потребата од итно предавање на материјалите од незаконото прислушкување на разговорите на надлежен обвинител, веднаш по стапување во сила на овој Закон. Заради почитување на рокот од 20 дена од член 2 од овој Закон, секој меѓу кои и СДСМ како држател на материјалите, меѓу кои и тие употребени и изведени во оваа постапка, и СЈО како надлежен јавен обвинител за примање на тие материјали, морале да превземаат пропишани активни дејствија заради остварување на примопредавање на материјалите, кажа Дангов.

Дангов потенцираше дека СЈО можело да дејствува во две насоки:

-Да побара да му бидат доставени овие материјали, во рокот од 20 дена согласно член 2 од Законот.

Независно од тоа дали СДСМ ќе постапело по барањето, СЈО можело да превеземе и дејствија за обезбедување на предмети, во случајот на материјалите кои неспорно се наоѓале кај СДСМ.

-Или да поднесе кривична, или во краен и наједноставен случај, со реално и записничко примопредавање согласно член 2 од овој Закон.

Тој во заршното обраќање кажа и што се случило?

На 30.12.2015 год. СДСМ јавно достави кутии во кои наводно се наоѓале материјалите од член 2 од Законот, меѓу кои требале да се наоѓаат и конкретните за предметот, во просториите на СЈО, со аудио коментар на новинар дека на овој начин се врши примопредавање на аудио материјалите објавени од СДСМ. Во врска со ова примопредавање, никој во предметот не виде Записник за тоа што е примопредадено од СДСМ на СЈО и категорично тврдиме дека не само што не е извршено примопредавње на овие материјали во рокот пропишан во Законот, но тоа не е сторено ниту на ден 30.12.2015 год. иако е небитно дали и што е примопредадено на овој ден, бидејки нема доказ дека тогаш е извршено примопредавње на тоа што овде се тврди дека е примено а се употребува во фазата на изведување на докази од СЈО.

Кои се последиците од непостапување на СДСМ и на СЈО според чл. 2 од Законот за приватноста.

Венецијанската комисија во цитираниот извештај забележува дека: член 2 нема пропишана санкција поради неуспехот во рокот да се предадат материјалите на СЈО, но секако дека продолженото поседување на копии од разговори се смета за незаконито согласно чл. 1 став 3 од овој Закон.

Бидејки “поседување” на материјалите по 30.10.2015 е незаконито, како што наведува Венецијанската комисија, тоа значи дека следиот ден од тој датум, е незаконито и превземање на било кое од наброените дејствијата што се наведени во став 3 од чл. 1 од Законот за приватноста, на ”обработка”, на “јавно објавување” и што е многу битно, забрането е “располагање на кој било начин на материјалите, вклучувајќи и нивно користење за други цели и постапки.

Од причина што СДСМ не ги достави материјалите на СЈО во временскиот период од 10.10.2015 год. до 30.10.2015 год. а СЈО во овој рок не превзема дејствија да ги прибави материјалите, настапени се следните последици.

Првата, СДСМ како држател на материјалите, сметано од првиот ден по истекот на рокот од 20 дена, а тоа е 31.10.2015 год. до 30.12.2015 год. кога се тврди дека наводно му ги предал а и СЈО тоа не го негира и го обзнани, незаконски ги држел тие материјали, поради што таквата незаконитост на материјалите со предавање на 30.12.2015 год. на СЈО не се трансформира во законитост на материјалите.

Втората, СЈО како јавен обвинител надлежен да му бидат предадени овие материјали согласно член 2 од овој Закон, поради нивното наводно превземање на ден 30.12.2015 год., а тоа е по истекот на рокот, истите ги прибавил на незаконит начин бидејки на тој ден имал забрана да ги прима, да ги користи и да располага со нив, за било кои цели и постапки вклучувајки ја и кривичната постапка.

Од тука произлегува дека материјалите што СЈО ги прибавило од СДСМ на ден 30.12.2015 год. се докази кои не се прибавени согласно Законот за заштита на приватноста, па согласно чл. 12 став 2 од ЗКП истите, како и доказите произлезени од нив не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судска одлука. Само ако СЈО материјалите законито ги прибавеше во рокот од Законот за заштита на приватноста, може потоа на основа член 5 од Законот за СЈО, да истражува и прибира законити докази за да со тие докази гони кривични дела кои произлегле од тие материјали?

Затоа од причина што во случајот материјалите се незаконито прибавени, од причина што СЈО незаконито прибавувало докази на основа тие материјали а на ден 29.06.2017 год. поднел и Обвинител Акт а за Никола Груевски Предлог, имајки во вид дека согласно член 12 став 2 од ЗКП на незаконито прибавени докази не може да се заснова судска одлука, од причина што обвинението се заснова на докази прибавени на со закон забранет начин, поради што и нивната употреба со законот не е дозволена, исклучено е на основа такви докази да се врши кривично гонење. Затоа, согласно член 402 ст. 1 т. 6 од ЗКП судот треба да донесе одбивателна пресуда по однос на обвинението кое му се става на товар на Г.дин. Никола Груевски.

Најнови вести