понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 154
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Данев: Законот за јавно обвинителство СДСМ го донесе незаконски и насилнички

Данев: Законот за јавно обвинителство СДСМ го донесе незаконски и насилнички

Драган Данев вечерва гостуваше во емисија на МРТ каде што посочи дека законот за јавно обвинителство не е изгласан легално, сите се сведоци дека законот се изгласа прво со 74 пратеници, а не со потребното мнозинство.

„Законот за јавно обвинителство предвидуваше одреден период да важат бомбите како доказ и како индиции, или прислушкувани разговори. A, од одреден период па понатака или од период кога СДСМ е на власт тие да не важат, ниту како индиции“, појасни Данев.

Данев додаде дека законот за јавно обвинителство не е ниту изгласан по редовна деловничка процедура, бидејќи според мониторот во Собрание јасно се виде дека го гласале само 74 пратеници. И не се знае по која деловничка одредба или по кој член од деловникот Талат уште еднаш го повтори гласањето.

Коронавирус