вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Данев: Заев во континуитет ги менува своите ставови, власта е неконзистентна

Данев: Заев во континуитет ги менува своите ставови, власта е неконзистентна

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев во вечерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5 ја истакна конфузноста во ставовите на Владата на СДСМ.

Данев потенцира дека за неколку клучни прашања власта и Зоран Заев постојано ги менуваат ставовите. Тој повика на конечен став на владеачкото мнозинство.

Имено Данев спомена дека Зоран Заев повеќе пати го променил ставот во однос на прашањето за името и употребата на името, ерга омнес.

Пратеникот вели дека во повеќе наврати Заев во своите изјави потенцирал дека не е прифатливо ерга омнес решение за името, за потоа да изјави дека ерга омнес решение единствено би било прифатливо за предлогот ,,Илинденска Македонија’’, за на крај да прифати ерга омнес за ,,Северна Македонија’’.

Тој напомена дека не е конкретен ни ставот за референдумот на премиерот Зоран Заев. Најпрво вели Данев, премиерот истакнал дека референдумот ќе биде задолжителен и сите ќе мора да ги почитуваме резултатите, за после лидерската средба да вели дека референдумот ќе биде консултативен.

-Власта е неконзистентна забележа тој, се работи за интересот на сите граѓани на Република Македонија. Не знаеме дали ќе има референдум, каков ќе биде референдумот, ни треба конечен став на владеачкото мнозинство, заклучи тој.