вторник, 19. јуни 2018. Вести денес: 0
home Вести

Данев: Заев се што вети- излажа, па сега и за тоа дека нема да се менува уставното име и Уставот

Данев: Заев се што вети- излажа, па сега и за тоа дека нема да се менува уставното име и Уставот

На денешната седница на Собранието, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев истакна дека македонскиот народ беше излажан од Владата на СДСМ и Зоран Заев. Данев го посочи ветувањето на Заев, дека нема да го менува уставното име и Уставот на Македонија, а сега македонската јавност е сведок на неговите лаги.

-Во текот на вчерашниот ден, македонската јавност беше свесна, дури и за она за кое што го ветуваше оваа влада и премиерот дека нема да го направи, а се однесува на нашето уставно име и менување на Уставот, еве сведоци сме дека и тоа го излажавте. Се работи за интересот на граѓаните во Република Македонија. Се работи за интересот апсолутно на секој граѓанин во Република Македонија без разлика на неговата национална, верска и било каква определеност, истакна Данев.

Данев му се обрати и на министерот за Образование, Арбен Адеми со што ги наброја ветувањата кои ги даде владата за време на изборниот период а не ги исполни. Дел од нив беа зголемување на платите на сите вработени од образованието, поголеми стипендии, отварање на математичка гимназија и ред други ветувања кои се во интересот на секој граѓанин на Македонија, а не се остварени.

-Што правиме со оние ветувања кои ги даде оваа влада а се однесуваат за образованието и за вработените во образованието, за учениците и за студентите. Ветивте и не остваривте. Зголемување на плати на сите вработени во образованието, еве повеќе од година дена помина, ништо од тоа, денар повеќе не добија. Ветивте нови стипендии – ништо од новите стипендии. Ветивте зголемување на постоечките стипендии- никакво зголемување на постоечките стипендии. Ветивте нова математичка гимназија- ништо и од таа гимназија. Се што ветивте, изманипулиравте и не остваривте, рече Данев.

Тој упати апел до министерот Адеми, при носење на одлуките во Владата на Република Македонија, во прв план да му бидат интересите на сите граѓани на државата.

-Вие сте сега министер за образование и ќе ве замолам, при носењето на одлуките во Владата на република Македонија на прв план да ви бидат интересите на сите граѓани на Република Македонија и на мојата, вашата, Република Македонија, кажа Данев.