среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 150
home Вести

Данев: Во Собранието не важи ниту едно правило, ниту една процедура, важи само волјата и желбите на владејачките СДСМ и ДУИ

Данев: Во Собранието не важи ниту едно правило, ниту една процедура, важи само волјата и желбите на владејачките СДСМ и ДУИ

Парламентарното мнозинство на чело со СДСМ го приватизира Собранието на Република Македонија. На СДСМ и ДУИ веќе им премина во навика да го кршат Уставот на Република Македонија, законите и Деловникот за работа на Собранието, обвини координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.

Тој кажа дека е скандалозно, неделовнички и со двојни аршини однесувањето на претседателот на Комисијата за европски прашања.  Според него во Собранието на Република Македонија не важи ниту едно правило, ниту една процедура, важи само волјата и желбите на СДСМ и ДУИ.

-Со ваквото однесување паднаа  демократиските маски на парламентарното мнозинство предводено од СДСМ.  Од една страна се прикажуваат како најголеми демократи и европско ориентирани политичари, а од друга страна на секој чекор ги кршат законите и процедурите. Повторно, како и со законот за јазици така и со изборниот законик грубо го злоупотребуваат европското знаменце и Комисијата за европски прашња. Изборниот законик во Република Македонија никогаш не се носел без консултации со опозицијата и никогаш не се разгледувал на Комисијата за европски прашања. Овој закон нема никаква допирна точка со Комисијата за европски прашања и со усогласување на нашето законодавство со законодавствто на ЕУ. Токму затоа и на овој закон нигде нема наведено изворен акт со што се усогласува, изјави Данев.

Данев кажа дека секогаш кога ова парламентарното мнозинство сака нешто да протурка набрзина и на мала врата го користи европското знаменце и Комисијата за европски прашања.

-Според логиката на Владата и праламентарното мнозинство сите држави во Европската Унија имаат исти изборен систем, иста изборна комисија и ист изборен законик, а ние како држава само треба да го усогласиме со нивниот,  што е апсурдно и смешно. Предупредуваме дека ваквото своеволно и недоловничко однесување, однесувајќи се како Собранието на Република Македонија да е приватна институци ќе има понатамошни последици за демократијата во земјава, изјави Данев.

Коронавирус