вторник, 11. мај 2021. Вести денес: 59
Во живо

ВО ЖИВО: Две прес – конференции на ВМРО-ДПМНЕ

home Вести

Данев: Во недостиг на капацитет и знаење, владата на СДСМ секој ден носи погубни економски политики на штета на сите граѓани

Данев: Во недостиг на капацитет и знаење, владата на СДСМ секој ден носи погубни економски политики на штета на сите граѓани

Во Собранието на Република Македонија денес започна седницата за гласање на доверба на владата, барање кое го поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев во своето излагање меѓу друго истакна и дека оваа влада продолжува да спроведува катастрофални економски политики.

-Во недостиг на капацитет и знаење секојдневно носите апсолутно погубни економски политики на штета на сите граѓани на Република Македонија и веќе граѓаните имаат една реченица која почнаа често да си ја употребуваат „Овие луѓе за економија не ги бидува“. Во досегашното владеење успеавте да ја урнисате македонската економија која со години наназад и во услови на економски кризи, бележеше соодветни и големи економски растови. Државата после долги години не бележи раст и тоа е само поради неспособноста на оваа влада, истакна Данев.

Тој посочи дека бројките се немилосрдни и дека во нив е вистината.

-Бројките велат дека во 2017 година Република Македонија има 0 проценти економски раст, за разлика од Република Македонија, Бугарија има 3,6%, Хрватска има 2,8%, да не зборувам за Словенија со 5 проценти или Србија со 1,9 проценти. До само една година, Република Македонија беше водачот на економскиот раст во регионот и во Европа. Во 2015 година, Македонија имала економски раст од 3,9 проценти, додека Бугарија 3,6%. Хрватска имала 2,3 проценти, Србија 0,8%. Ова се факти и од нив нема бегање. Мора да се работи, не треба да се продаваат лажни вистини на граѓаните. Треба да се засукаат ракавите и да се работи, само така доаѓаат резултатите. Поради овие резултати оваа влада е прогласена за најнеспособната и најнеработливата влада во Македонија во овие 27 години, нагласи Данев.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше и дека забележан е пад на градежништвото од 48%, државните резери драматично се намалуваат, а нови инвестиции речиси и да нема.

-Нема покачување на плати, тоа е нормално кога СДСМ е на власт. Нема покачување на пензии, трошоците за живот вртоглаво растат. Граѓаните околу 140 милиони евра помалку потрошиле за разлика од истите периоди во претходните години. Немаат пари луѓето затоа не трошат. Катастрофална економска политика која удира во џебот на секој граѓанин. После долги години на релевантни финансиски листи, Република Македонија бележи невидени падови. Паѓа бизнис климата во Македонија. Република Македонија доживеа вистинско економски цунами за само една година владеење на СДСМ заедно со коалицијата, нагласи Данев.

Тој нагласи дека во 2016 имало 350 милиони евра, а во 2017 година 227 милиони евра што е намалување на 131 милион евра на инвестициите во земјава.

-Ниту инвестираат домашните, ниту странските инвеститори. Затоа што нема поволна инвестициона клима која треба да ја креираат владата и министерствата, потенцираше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус