недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Данев: Штанцањето на закони по скратена постапка не не’ водат на патот кон Евроатланските интеграции

Данев: Штанцањето на закони по скратена постапка не не’ водат на патот кон Евроатланските интеграции

Праксата за штанцање на закони по скратена постапка од владејачкото мнозинство во Собранието и денеска продолжи.

На ова реагираше координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, при што ги предупреди колегите од владејачкото мнозинство, а особено од СДСМ, да не штанцаат закони по скратена постапка за кои нема потреба, бидејќи за некое време ќе реагираат институциите кои се надлежни за пратење на работата на Собранието. Тој посочи дека таков начин на работа не ја води државата на патот кон Европската Унија.

-Верувајте можеби сега молчат одредени институции кои ова го набљудуваат и не ценат, но ќе дојде многу бргу денот кога ќе бидат испорачани вистинските критики и вистинските вредности во однос на работата на Собранискиот дом, значи штанцањето на закони, и закони по скратени постапки не не водат на патот кон Евроатланските интеграции, истакна Данев.

Тој рече дека СДСМ кога беше опозиција ветуваше дека носењето на закони по скратена постапка, во Собранието ќе стане минато, додека сега откако се на власт, штанцањето на закони им стана пракса. Според Данев, ваквиот начин на работа е крајно несериозен и претставува потценување на интелегенцијата на пратениците и граѓаните на Република Македонија.

-Ги слушаме препораките од Европската Комисија кога сме опозиција а друго е кога сме власт. Значи велите пред да формирате парламентарно мнозинство, односно кога бевте во опозиција почитувани колеги, особено Тунтев, за носење закони по скратена постапка ќе биде минато во Собранискиот дом на Република Македонија. За тоа имаше критики и за вас и за нас од страна на Европската Комисија, но еве гледаме и на денешната седница, како и на претходните седници, закони кои што се носат по скратена постапка. И ако навистина има аргументација за носење на такви закони во одредени случаеви, во ред. Но ако се носи закон за скратена постапка како закон за обука и испит за директори во основни и средни училишта и така натаму, мислам дека е несериозно и е сериозно потценување на политичката интелегенција и како нас како пратеници но и на граѓаните на Република Македонија. Конзистентноста на Социјалдемократскиот сојуз и на ова парламентарно мнозинство, што се однесува до одредени политички одлуки и тези еве од ден на ден паѓаат во вода, посочи Данев.

Коронавирус