вторник, 27. септември 2022. Вести денес: 176
home Вести

Данев: СДСМ за само 1 година успеаја да ја презадолжат државата без да реализираат капитален проект или пак да направат било што корисно за граѓаните

Данев: СДСМ за само 1 година успеаја да ја презадолжат државата без да реализираат капитален проект или пак да направат било што корисно за граѓаните

СДСМ за само 1 година успеаја да ја презадолжат државата и тоа без да реализираат ниту еден капитален проект или инвестиција или пак да направат било што корисно за граѓаните. Според Министерството за финансии бројките велат дека Државниот долг на крајот на 2017 година изнесува безмалку 4 милијарди евра. Или, она што е најважно зголемен е за стотина милиони, поточно 107 милиони евра од страна на СДСМ, во однос на претходната 2016 година. Само со новите 100-тина милиони задолжувања можеше да се изградат 50-тина училишта, 50-тина градинки и 3 студентски дома или пак неколку клиники во неколку градови, истакна Драган Данев на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

-Додека пак Јавниот долг според бројките на министерството на крајот на 2017 година изнесува ни помалку ни повеќе туку 4 милијарди 769 милиони евра, кој исто така е зголемен од страна на СДСМ во однос на 2016. Да, токму од СДСМ кои велеа дека државата е презадолжена и дека е на работ на банкротот, а сега СДСМ ги презадолжува граѓаните. Да потенцираме дека во овие пресметки на МФ не се вкалкулирани евро-обврзницата од половина милијарда евра и двете задолжувања од околу 100-тина милиони евра, вкупно над 600 милиони евра, со што вкупно СДСМ за само 7 месеци ја задолжи државата над 750 милиони евра и веќе оди накај милијарда. До крајот на 2018 вкупното задолжување од страна на СДСМ ќе изнесува над 1 милијарда, со што уште веднаш го вклучува алармот дека оваа неспособна влада ни ја води државата кон пропаст, рече Данев и додаде:

„До сега со над 750 милиони евра задолжување немаат ниту еден капитален проект, ниту една инвестиција, ниту еден проект во образованието, армијата, полицијата или било кој друг сегмент во државата. Се фалат со проекти реализирани од ВМРО-ДПМНЕ или минорни донации од други држави. Жално, но реално. Неспособноста на СДСМ и личниот апетит за луксузирање ја донесе државата и граѓаните за само 8 месеци на работ на бездната“.

Никој во држава, потенцираше Данев, не го почувствува животот.

-Животот го почувствуваа криминалците и функционерите на СДСМ. На граѓаните воопшто не им е подобро, а државата не ни оди напред. Реалноста во нашата држава е тажна. Жално е што граѓаните како и секој пат, повторно се изиграни, излажани и изманипулирани од страна на СДСМ.

Коронавирус