сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 11
home Вести

Данев: СДСМ за 10 месеци не реализираше ниту еден проект

Данев: СДСМ за 10 месеци не реализираше ниту еден проект

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Драган Данев, во денешното гостување во емисијата Топ Тема на телевизија Телма, истакна дека причината поради која поднеле интерпелација за гласање на недоверба на владата на СДСМ е поради неработењето и неспособноста на СДСМ и Зоран Заев.

Како што рече Данев, оваа влада во изминатите 10 месеци не реализирала ниту еден проект од нивната програма за која гласале граѓани на Република Македонија.

-Дека за 10 месеци можат да се направат многу нешто покажа владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2007 година со самото доаѓање на власт. Ако оваа влада на СДСМ оствари БДП од нула проценти, владата на ВМРО-ДПМНЕ во својата прва година од владеење оставила рекордни 6,1 процент раст на БДП, изјави Данев.

Според него, владата на СДСМ својата неспособноста ја оправдува со тоа што прстот го вперуваат во вработените во државната администрација, а не во раководителите што тие самите ги поставиле. Додека во време на ВМРО-ДПМНЕ државните службеници се стимулирале со покачување на личен доход од 10 проценти.

-Во 2006 година од владата на СДСМ затекнавме 38 проценти на невработеност во Република Македонија, а сега оставивме 21 процент. Нови 170 илјади работни места. Владата на ВМРО-ДПМНЕ имаше неколку сериозни проекти кои што ја стимулираа вработеноста, Македонија вработува 1, Македонија вработува 2 и само во овие два проекти од 30 до 50 илјади луѓе најдоа работа, потенцираше Данев.

Коронавирус