вторник, 7. јули 2020. Вести денес: 3
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Данев: Ова е најмегаломанскиот буџет до сега што Република Македонија го имала

Данев: Ова е најмегаломанскиот буџет до сега што Република Македонија го имала

Во вечерашната емисија „Што не е јасно ” на Алфа Телевизија пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев изјави дека оваа влада го проектирала најмегаломанскиот буџет до сега во Република Македонија.

– Ние сме веќе на крајот на мандатот на СДСМ и нивната коалиција и ние сега дискутираме за буџет кој што треба да биде разворн во наводници, треба да биде влог во човечкиот капитал а јас мислам дека е време и треба да разговараме за билансите и за резултатите на оваа влада виз а ви претходните буџети и нормално буџетот што следува за 2020 година.-Констатираше Данев.

Според Данев како прво овој буџет или проекцијата за овој буџет го прави влада која што нема да ги торши парите од овој буџет.

-Значи ние од 3 Јануари имаме техничка влада на 12 април имаме избори и евидентен е победникот на изборите, а имаме и една парадоксална ситуација во која што сега дискутираме за буџетот и гледаме колку сега тоа за граѓаните на Република Македонија е добро како се зголемува се а незадоволството на граѓаните и од власта и од ресорните министерства е евидентно и од месец на месец се повеќе се зголемува, додаде Данев.

Во понатамошната дискусија Драган Данев истакна дека што се однесува до буџетот како поранешна влада се обвинувани дека проектирале мегаломански буџети а според него ова е најмегаломанскиот буџет до сега што Република Македонија го имала од околу 4 милјарди евра.

-СДСМ во предизборието и постулатите, столбовите на нивната економска политика и понуда беше дека имаа една флоскула која што многу ја употребуваа „ќе земамае од богатите и ќе даваме на сиромашните” тоа беше тезата на господинот Тевдовски апропо прогресивниот данок што го воведоа. Целосно фијаско, само после година дена, единсвен резултат што беше е истерување на прогресивните фирми и прогресивните кадри кои што добро заработуваа и имаа човечки капитал ги однесоа своите бизниси и своите работни места во околните држави а некои многу подалеку.- Нагласи Данев.

Според него друга флоскула која што ја користела СДСМ во минатото била експлатација на вработените во странските фирми.

-Сега ако не се странските фирми ниту ќе го имаме овој развој ниту ќе имаме соодветен број на инвестиции и извоз кој што се извозно ориентирани, значи ако не се тие странски инвестиции и тирзовите ние денеска нема да можеме да разговараме за намалување како што вели колегата Велковски на вработените или на зголемување на БДП. Со овие два постулати или со овие столбови кои што се јас би кажал дирекно засегнати и скрешени во однос на економската политика на СДСМ мислам дека нивната економска политика, таа барем што ја ветуваа пред граѓаните и која што има легитимитет иако поразени сепак направија влада веќе не држи односно најголем доказ за тоа е самата оставка на господинот Тевдовски, истакна Данев.

Данев исто така му упати прашање на Велковски дали Тевдовски е еднствениот министер во владата на СДСМ кој што е во онаа графа која што ја дефинираше господинот Заев кадеј што министрите ниту знаат ниту сакаат да знаат или пак се премногу мрзеливи.Поради тоа што тој ги дефинирал своите министри во неколку графи.

-Така да кога зборуваме за економија буџет и реализација на буџет од страна на СДСМ нивните главни постулати на кои што се темелеше нивната предизборна програма се помножени со нула со оставката на Тевдовски и со менувањето на политиката и реториката во однос на странските инвестиции и во однос на тој таканаречен прогресивен данок. – Заклучи Данев.

Парламентарни избори 2020