понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 114
home Вести

Данев: Немање на 61 пратеник во Собранието е уште еден доказ на неодговорното однесување на парламентарното мнозинство

Данев: Немање на 61 пратеник во Собранието е уште еден доказ на неодговорното однесување на парламентарното мнозинство

Денеска сме сведоци, впрочем и како вчера за неодговорното однесување на парламентарното мнозинство. Можевте и самите да забележите дека нема 61 пратеник и верувам дека ова искуство ќе биде последно и ако веќе се нафатиле да практицираат власт во Република Македонија, така и ке се однесуваат во Собранието а за тоа се потребни 61 пратеник. Навистина неодговорно однесување кон Собранието и кон граѓаните на оваа држава кои што на некој начин им ја дале довербата да бидат тука и да носат закони во интерес на граѓаните, посочи координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.

Тој истакна дека граѓаните во текот на вчерашниот ден имале сериозни реации за штанцање на законите кои ги спроведе парламентарното мнозинство. Данев рече дека на тој начин се работи спротивно од препораките на Европската Комисија и се врши намалување на критериумите и се повеќе се отвора можност за  вработување на недоволно квалификувани државни службеници.

-Мислам дека ова не е во духот на патот кон Европската Унија и уште еднаш се потврдува тезата дека СДСМ и ова парламентарно мнозинство, вклучувајќи го и ДУИ едно зборуваат кога се опозиција а сосема друго работат кога се позиција. Уште еднаш апелирам да си обезбедите 61 пратеник и да работите, нагласи Данев.

Коронавирус