сабота, 10. јуни 2023. Вести денес: 9
home Вести

Данев: Нема да учествуваме во неделовничка, незаконски и неуставна процедура

Данев: Нема да учествуваме во неделовничка, незаконски и неуставна процедура

ВМРО-ДПМНЕ како партија беше јасна и концизна уште при првото носење на Законот во Собранието. Кажавме дека во ваква неделовничка, незаконски и неуставна процедура нема да учествуваме и како партија и како коалиција во Собранието, истакна во вестите на Сител координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев откако повторно во Собранието беше изгласан договорот со Грација за промена на името.

Данев истакна денес денес е уште еден лош ден за демократијата во Република Македонија и Собранието.

-Имаме еклатантен пример на воспоставување на двојни стандарди и кршење на Деловникот од страна на Талата Џафери. Ако ја споредите оваа седница, со седницата за Законот за јазици во трето читање кои по процедура се апсолутно исти, за разлика од првата седница кога Џафери не дозволи расправа, сега кога опозицијата не е во собраниските клупи дозволи расправа и му даде збор на министерот Димитров, Ферид Мухиќ. Република Македонија не може да оди напред со вакви двојни стандарди, со вакви кршења на Уставот, законот, на Деловникот. ЕУ сака и бара правна држава, ако сите ние ги почитуваме законот и правото ќе може да се доближиме до посакуваната ЕУ, нагласи Данев.

Координаторот на пратеничката група нагласи дека ќе реагираат и на секое незаконско дејство, и ќе бараат правда во име на граѓаните на Република Македонија.