сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 36
home Вести

Данев: Навистина е поразителен фактот на реализираност на планот 3–6–9

Данев: Навистина е поразителен фактот на реализираност на планот 3–6–9

Навистина е поразителен фактот на реализираност на планот 3- 6-9  кој што актуелната власт бомбастично го најавуваше некаде во јуни месец,  потенцираше Драган Данев, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Алфаскоп.

-Ако добро ја следите имлементацијата на планот 3- 6-9  ќе забележите дека огромен процент од оние законски решенија кои што се во тој план не се завршени а за кои не им е потребено двотретинско мнозинство, односно не им е потребно учество на опозицијата во истите тие законски решенија. Така да тоа е едно класично алиби на сегашната власт дека опозицијата е таа која ги кочи реформите и оној процент од 42% е податок изваден од анализа на владата на РМ е дека само во толку мал процент е реализација на проектот3- 6-9, истакна Данев.

Данев додаде дека кога ќе се погледне суштината на 42% од реализираноста на планот може да се види дека тоа се само одредени меморандуми  за соработка со одредени институции или некакви решенија кој што ги ставиле во тој план и тие претходно се извршувале или законски мора да се извршуваат.

За Законот за јазиците,  Драган Данев истакна дека партијата и пратениците на  ВМРО-ДПМНЕ се за унапредување на употребата на јазикот меѓутоа се во рамките на уставот.

-ВМРО-ДПМНЕ како партија па ако сакате и ние пратениците и јас лично апсолутно никогаш не сме, напротив, сме за унапредување на употребата на јазиците на сите етнички заедници ако сакате ке бидам и директен, вклучително и на албанската етничка заедница но сето тоа мора да биде во рамките на уставот на Република Македонија, рече Данев.

Тој истакна дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ имале предлог да се собере експертска група од експерти, признати во домашната јавност,заедно со политичките претставници да се донесе еден конзесуален закон кој што навистина ќе ги унапреди јазичните права на етничките заедници но истиот да биде во рамките на Утавот на Република Македонија.

Коронавирус