четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 13
home Вести

Данев: Македонија беше најблиску до НАТО во 2008 година

Данев: Македонија беше најблиску до НАТО во 2008 година

Грција ја прекрши привремената спогодба за не попречување на Република Македонија во меѓународните организации со одлуката за вето во 2008-ма година во Букурешт, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, при гостувањето во емисијата „Само вистина“.

-Република Македонија на чело со  ВМРО-ДПМНЕ во 2008 година, беше најблиску до сега за членство во НАТО, односно добивање покана за членство во НАТО Алијансата. Ноторен факт кој го знае целата држава дека претседателот на Соединетите американски држави, г.дин Џорџ Буш во Букурешт тоа пладне изјави дека, таа вечер, Република Македонија, Албанија и Хрватска ќе бидат поканети за членство во НАТО. Во тој момент ако добро се сеќавате, а јас добро се сеќавам во тој момент беше во опција и влегување на Република Македонија во НАТО под привремената спогодба, и не кршење на привремената спогодба, кој што Република Македонија ја склучи во раните деведесетти години со Република Грција. Со ставањето вето Република Грција го скрши, делот од привремената спогодба кој што предвидуваше да Грција на Македонија под таа привремена референца влез и во НАТО и во ЕУ, рече Данев.

Како што појасни Данев во своето излагање во емисијата дека единствена причина поради која Република Македонија не доби кандидатски статус и отпочнување на преговорите за членство во НАТО Алијансата е блокадата од страна на Грција.

-Има и одлука од Меѓународниот суд во Хаг дека, Република Грција постапила спротивно од  времената спогодба, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Иако оваа одлука нема правна сила, таа е значајна бидејќи е донесена од Меѓународниот суд на правдата во Хаг, кој потврди дека Република Македонија е во право. Не добивањето на статус на земја кандидат за членство во НАТО, е исклучиво поради блокадата од страна на Грција.

Коронавирус