недела, 16. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Данев: Ја разбирам нервозата на Заев и министрите, тие немаат капацитет да реализираат ниту еден проект

Данев: Ја разбирам нервозата на Заев и министрите, тие немаат капацитет да реализираат ниту еден проект

СДСМ е таа која што ја презеде одговорноста иако беше поразена на изборите на 11-ти декември 2016-та година. Дадоа преголеми очекувања и ветувања, а не остварија апсолутно ништо. Јас знам дека во лоша состојба е и Тунтев како координатор на пратеничката група на СДСМ, министрите во владата и Зоран Заев бидејќи нема што да се брани, нема ниту со што да се пофали работата на оваа влада, кажа координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев во неговото денешното гостување на телевизија Телма во емисијата „Топ Тема“ на Ваша Страна.

Тој потенцираше дека владата на СДСМ не може да се пофали со реализирани проекти бидејќи единствено што сработиле во овие 10 месеци било стопирање, блокирање и уништување на проекти од времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Данев го праша Тунтев за “младинската гаранција“ која што ја вети СДСМ на студентите, дали познава некој студент кој што завршил во овие 10 месеци, а му е понудено работно место или на средношколците кои не планираат да го продолжат своето школување, дали им е понудено работно место.

-Во првите 6 месеци ветувавте покачување на основицата на сите здравствени работници. Во првите 6 месеци ветувавте дека ќе го намалите зелениот картон, зошто не го направите, праша координаторот Данев.

Коронавирус