среда, 2. декември 2020. Вести денес: 64
home Вести

Данев: Изборните ветување на СДСМ кон наставниците, учениците и родителите останаа нереализирани

Данев: Изборните ветување на СДСМ кон наставниците, учениците и родителите останаа нереализирани

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев на својот Фејсбук профил сподели статус во кои ги набројува изборните ветувања на СДСМ.

-Изборно ветување на СДСМ: “За сите реформи во образованието ќе водиме ЈАВНИ РАСПРАВИ И КОНСУЛТАЦИИ.” (План за живот 2016-СДСМ).
Реализација: Законот за ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ и ЗАКОНОТ за НАСТАВНИЦИ во собрание се носи во следните термини:
1. 18.07.2019г-матична комисија прво читање
2. 24.07.2019г-пленарна седница
3. 26.07.2019г-јавна собраниска расправа
4. 29.07.2019г-матична комисија второ читање
5. 30.07.2019-пленарна седница со донесени закони
Резултат: Во треттата година од практицирање власт(СДСМ,ДУИ) во стилот “ЗАКОНИ ЗАРАДИ ЗАКОНИ” конечно се носат важни образовни закони во период на:
1. Летен училишен распуст со празни училишта
2. Без подршка и со сериозни забелешки на синдикатите,научните институти,стопанските комори
3. Закони ставени на БРЗАТА СОБРАНИСКА ТРАКА изгласани и дебатирани во само 9 работни дена!
Заклучок: Нереализирани ветувања дадени кон наставниците,учениците,родителите….
ЕВОПСКАТА КОМИСИЈА: На Македонија не им недостасуваат закони им ТРЕБА квалитетна ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА!
П.С. ВЕТЕНО-СТОРЕНО, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Коронавирус