петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Данев и Стевананџија најактивни пратеници во Собранието

Драган Данев и Димитар Стевананџија најактивни од сите.  Извештајот се однесува за работата на Собранието во периодот од мај до август 2017 година.
Данев и Стевананџија најактивни пратеници во Собранието

Според истражување изработено од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје за работата на пратениците во Собранието, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ најактивни во Собранието.

Драган Данев и Димитар Стевананџија најактивни од сите.  Извештајот се однесува за работата на Собранието во периодот од мај до август 2017 година.

Димитар Стевананџија од Прилеп со 236 минути и Драган Данев од Аеродром со 233 минути се пратениците кои најмногу зборувале во Собранието.

Според тоа колку пати се јавиле за збор, најактивна е пратеничката Владанка Авировиќ која зела збор 75 пати, пратеникот Владимир Ѓорчев со 69 пати и Лилјана Затуровска со 65 пати. Сите десет најактивни пратеници на собраниската говорница се од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

 

Коронавирус