среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 138
home Вести

Данев до Заев: Точна е вашата анализа дека во Владата има министри кои не знаат, не работат или ниту знаат и ниту работат

Данев до Заев: Точна е вашата анализа дека во Владата има министри кои не знаат, не работат или ниту знаат и ниту работат

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев на денешната седница на Собранието посочи дека анализата која ја произнесе  Премиерот Заев во однос на старите министри е сосема точна. Тој рече дека во Владата има министри кои не знаат да работат, не работат или пак ниту знаат, ниту пак работат.

-Точно е што за прв пат во една година имате сериозно точна  анализа. Велите во Владата има министри кои незнаат, има кои не работат и има кои ниту знаат, ниту работат. Цитирам тоа е ваша анализа. Точна е анализата и сите во РМ се согласуваме со таа анализа. Баравте поддршка во однос на таа анализа и ја имате од нас како опозиција и ја имате од граѓаните на РМ. Лошото е во тоа што ако планирате таков длабок и сериозен проблем да го решавате со козметика. Е тоа е лошото почитувам Премиеру. Многу или крајно несериозно, рече Данев.

Тој го праша премиерот Заев да одоговори кој точно од министрите се дел од групацијата која ја кажа и како сега овие министри ќе се преместуваат на друга позиција во државата.

-Кој од овие министри и заменици министри кои шо ги трзате, кој од нив не знае, кој не се труди а кој ниту знае, ниту се труди и уште поважно како кога констатирате за некој дека не знае, ниту знае, ниту се туди, или не се труди, како може да го предлагате за друга позиција? Мислам дека треба да ви биде во крајна линија малку непријатно. Господине Премиер, не бива напредок со козметика и рокади, посочи Данев.

Данев укажа дека граѓаните владата на СДСМ  ќе ја запаметат како „Ќе“ влада или влада на алиби која ветувањата за време на изборите и после една година на власт останаа само ветувања.

-И она што после повеќе година дена власт на ова парламентарно мнозинство го констаираа и граѓаните на Република Македонија, тоа е онаа вообичаена фраза, „Ќе“. Значи ако претходната влада беше навистина влада која што ги трансформираше поголем број на области од секојдневното живеење во Македонија, оваа влада веќе во меморијата на граѓаните ќе остане запаметена како „Ќе“ влада или влада алиби за се она што не може да го направи, нема капацитет, нема енергија, знаење го употребува зборчето, „ќе“ и во наредниот период треба граѓаните на РМ треба да веруваат дека одредени работи Ќе се случат и ќе се направат реформите кои на големо и на широко ги ветуваа во предиозбието и замислете после година дена останаа ветувања и ништо повеќе, истакна Данев.

Коронавирус