понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 52
home Вести

Данев до Заев: Не исполнивте едно од најважните прашања за платите- премиерот за утре најави состанок со СОНК

Данев до Заев: Не исполнивте едно од најважните прашања за платите- премиерот за утре најави состанок со СОНК

Премиерот Зоран Заев најави дека утре ќе има состанок со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) на кој, како што вели, верува дека ќе се најде решение за платите на наставниот кадар, а поради кои овој Синдикат најави генерален штрајк.

Одговарајќи на пратеничко прашање Заев истакна дека платите на наставниците за време на мандатот на сегашната Влада се зголемиле за 10 отсто, а во преговорите со СОНК понудиле уште десет проценти покачување.

– Факт е дека за 11 години ВМРО-ДПМНЕ направи покачување од десет отсто и факт е дека за две години и пет месеци оваа Влада направи зголемување од десет отсто или кумулативно 10,8 отсто. Во едни такви околности смогнавме сили затоа што чесно ја водиме државата и има пари во овој буџет, не се трошат за глупости. Испративме порака до СОНК и до сите наши учители, наставници, професори од основото, средното и високото образование, дека сме тука да направиме напори да обезбедиме повеќе пари. Понудивме уште десет отсто и тоа е се вкупно 21,4 отсто кумулативно пресметано, рече Заев пред пратениците.

Како што потренцира, никогаш за толку кус период тоа не било понудено и верува дека во преговорите меѓу СОНК и министерот за образование Арбер Адеми ќе се изнајде решение.

– Утре имам состанок заедно со сите нив, верувам дека ќе изнајдеме решение и тоа благодарение на тоа што Буџетот определил пари и има сопствени ресурси токму од парите на граѓаните без ниту еден денар задолжување. Тоа што досега е понудено ја преминува просечната плата, најниската просечна плата во образованието да биде поголема од просечната плата во државата. Верувам дека ќе се изнајде решение меѓу наставниците, учителите, професорите, застапени преку СОНК и другите синдикати и министерот за образование, додаде Заев.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев му реплицираше на Заев дека во однос на платите на наставниците, за кои, како што рече, Заев ветуваше во 2016 година, наставниците бараат едно, а тоа е да се почитува законот и колективниот договор.

Данев истакна дека Заев ветувал со години, а сепак просечната плата е 25.000 денари.

– Не исполнивте едно од најважното прашање за платите на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ двапати ги зголеми платите и пензиите. Наставник треба да зема 28.875 денари плата, според новото законско решение, реплицираше Данев.

Коронавирус