недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Данев до СДСМ: Вие само зедовте ножици и ја пресековте лентата на изградените градинки од претходната влада

Данев до СДСМ: Вие само зедовте ножици и ја пресековте лентата на изградените градинки од претходната влада

Пратеникот Драган Данев на денешната седница на Комисија за финансирање и буџет посочи дека власта премногу се фали во делот за детската заштита и изградба на нови градинки, но тоа не е видливо никаде. Знаме дека тие проекти во огромен процент ако бидеме реални пред себе и пред македонската јавност се изградени од претходната влада.

А, вие точно ножици земавте и црвени ленти, и ја пресековте лентата. Но 1.300 дечиња во Општина Кисела Вода чекаат за згрижување во градинките, додаде Данев. Данев истакна дека СДСМ вети дека ќе направи неколку градинки, но ништо од тоа не се случи.

А, проблемот ги тишти граѓаните, младите брачни парови во Општината Кисела Вода. Не е точно кога од СДСМ велат дека изградиле во овие три години 11 енергетско, ефикасни училишта во Градот Скопје. Прво тоа не е точно затоа што можеби само сте ја довршиле изградбата на енергетско ефикасни училишта, појасни Данев.

Коронавирус