сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 51
home Вести

Данев до СДСМ: Граѓаните за да ви веруваат треба да имате кредибилитет кој што е стекнат врз база на ветени, а остварени проекти

Данев до СДСМ: Граѓаните за да ви веруваат треба да имате кредибилитет кој што е стекнат врз база на ветени, а остварени проекти

На денешната седница на Комисија за финансирање и буџет се обрати и пратеникот од редови на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев кој посочи дека сериозна невистина е дека е започната работа на патот Драчево- Јурумели и оти е проект на СДСМ.

-Тој пат го проектираше и го започна претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ и претходните самоуправи. Велите ја планирате оваа делница, планирате завршување на булеварот „Борис Трајковски“, па реконструкција на мостот на Маркова река итн. Тоа е низа на „ЌЕ“ направиме, планираме во програма итн. Видете, граѓаните за да ви веруваат треба да имате еден кредибилитет кој што е стекнат врз база на искуствени проекти кои што претходно сте ги ветиле и сте ги оствариле, нагласи Данев.

Данев додаде дека граѓаните не веруваат во оваа власт затоа што се што ветија не исполнија.

Коронавирус