сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 45
home Вести

Данев до пратениците на СДСМ: На темата загадување вие и дадовте политичка конотација

Данев до пратениците на СДСМ: На темата загадување вие и дадовте политичка конотација

Пратеникот Драган Данев од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За подобра Македонија“ при заседавање на собраниска Комисија за финансирање и буџет посочи дека со вчудоневиденост го слуша заменик министерот за финансии која не води грижа со не прифаќање на амандмани за заштита на животна средина.

-На темата загадување вие и дадовте политичка конотација, се залепивте за неа, таа беше добра за предизборни манипулации и нереални ветувања, како да загадувањето почна кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт. И кога вие ќе дојдете ќе го решите. Но, граѓаните се свесни веќе и прават биланси што ветувавте, а што остваривте, истакна Данев.

Данев појасни дека ќе дојдат избори и граѓаните ќе пресудат по тоа што СДСМ вети, а што исполни.

-Проблемот со загадување нема време за чекање бидејќи се работи за здравјето на граѓаните на Република Македонија.

Коронавирус