четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 43
home Вести

Данев: Дали е ова квалитетно законско решение или не е, доказ е најавениот штрајк на спортските работници

Данев: Дали е ова квалитетно законско решение или не е, доказ е најавениот штрајк на спортските работници

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за „Обнова на Македонија“, Драган Данев на денешната собраниска седница посочи дека доаѓа општина кај што спортот се негува, во која што има многу спортски клубови, спортски школи и чувствува одговорност кон дечињата што спортуваат и родителите кои што ги стимулираат за да спортуваат.

Дали е ова квалитетно законско решение или не е квалитетно законско решение, доказ е најавениот штрајк на спортските работници и на спортистите во Република Македонија. Од осамостојувањето до денес за прв пат ова се случува, истакна Данев.

Данев додаде дека тој штрајк најавен од спортисти досега не помни дека се случил, но изгледа за се има прв пат.

Втор доказ дека се работи за многу „квалитетен“ закон е тоа што веќе два месеци доцни почнувањето на второлигашкиот процес во кошарка и во одбојка, но и во неколку други клубови во Република Македонија. Такво нешто досега во нашата држава на спортски план се нема случено., појасни Данев.

Коронавирус