петок, 23. август 2019. Вести денес: 8
home Вести

Данев: Далеку е СДСМ од реализација на проекти оние што значат живот за граѓаните на Република Македонија

Данев: Далеку е СДСМ од реализација на проекти оние што значат живот за граѓаните на Република Македонија

Денеска на седница во Собранието на Република Македонија се обрати и пратеникот Драган Данев од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За подобра Македонија“ при што посочи иако власта вели ако не се дискутира за буџетот се понижува државниот буџет сепак за збор се пријавени многу пратеници од опозиција која сака да дискутира за буџетот.

„Вие сакавте да зборувате општо бегајќи од конкретни теми и проекти. Затоа што и со овој буџет и со оваа завршна сметка се виде дека далеку е СДСМ од реализација на проекти оние што значат живот за граѓаните на Република Македонија, истакна Данев“.

Данев додаде дека сака да ја искористи оваа прилика за да каже дека оној што најмногу треба да се грижи за пензионерите е власта бидејќи доаѓа од партија која што баш треба да ги штити нивните права и ги запраша зошто на повеќе потрошени пари за разлика од другите буџети за овој тековен буџет пензионерите во Република Македонија не добија повисоки пензии, квалитетно повисоки пензии, зошто не добија нови старачки домови или пензионерки домови како што беше ветено од страна на СДСМ. А, да не се зборува за бенефиции при купување на лекови и други барања на пензионерите.

„ Но затоа Општина Аеродром денес доби нов центар за зависници во непосредна близина на пензионерскиот дом во Аеродром. Јас лично ве замолувам сите пратеници од Аеродром од опозицијата и позицијата да појдеме и да дадеме навистина придонес во решавање на овој проблем за кој што во неделата имаше мирен протест пред поликлиниката „Јане Сандански“. На тој мирен протест присуствуваа голем број ваши колеги пензионер, нагласи Данев“.