вторник, 19. јуни 2018. Вести денес: 0
home Вести

Данев: Чашата е прелеана, границите се поминати, граѓаните заслужуваат подостоинствено Собрание

Данев: Чашата е прелеана, границите се поминати, граѓаните заслужуваат подостоинствено Собрание

На денешната седница на Собранието, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев истакна дека владејачкото мнозинство е крајно несериозно во работата и не може да оствари кворум за работа. Тој нагласи дека ова е уште еден доказ на непочитта на власта спрема нејзините граѓани, и посебно спрема нејзините гласачи.

-И денеска сме сведоци на еден крајно несериозен однос на владејачкото мнозинство и господинот Талат Џафери е принуден 4 до 5 пати да свикува една седница со едни исти точки на дневен ред. Зошто? Само затоа што пратениците од владејачкото мнозинство не ги почитуваат сопствените граѓани и посебно сопствените грасачи и не можат да направат кворум за работа во Собранието на Република Македонија и веќе конечно и јасно е дека навистина се работи за една крајно нелегитимна власт и навистина ова Собрание треба да престане да работи во ваков состав и со вакво едно мнозинство да носи антидржавни политики, рече Данев.

Тој ги потсети неговите колеги од владејачкото мнозинство дека се поминати сите граници и не треба повеќе да ја потценуваат интелегенцијата на сопствените граѓани.

-Колеги од владејачкото мнозинство, навистина мислам дека чашата е прелена, границите се поминати и дека навистина граѓаните на Република Македонија заслужуваат да не се потценува нивната интелегенција. Ако ви се работи, работете, ако не можеби, и мислам дека Република Македонија заслужува подостоинствено Собрание, посочи Данев.