петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 177
Во живо

ВО ЖИВО: Мини митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар

home Вести

Данела Арсовска: Волково е едно од заборавените места во градот! Не може да има половични решенија во градот

Данела Арсовска: Волково е едно од заборавените места во градот! Не може да има половични решенија во градот

Неасфалтирани улици и незавршена канализациска мрежа се само дел од проблемите што жителите на Волково ги посочија денеска на средба со кандидатот за градоначалник на Скопје Данела Арсовска.

– Граѓаните ми посочија дека се чувствуваат како заборавени од општината и од градот. Дека нема инвестиции во инфраструктура, дека недостига место каде ќе се среќаваат, дека недостигаат паркови и места за рекреација. Проблемот во градот е што многу места се заборавени, оставени граѓаните сами да се снаоѓаат и некако се надвор од системот. Не смееме да дозволиме Скопје рамномерно да не се развива, мора да има активности секаде. Не смее да има заборавени места, изјави Арсовска на средбата.

Еден од проектите што се неопходни за Волково е реконструкцијата на атмосферската канализација.

– Граѓаните мора да се слушаат, нивните барања не се нешто надвор од можностите на секој градоначалник, туку напротив овде во Волково барањата се однесуваат на мали нешта што ќе го променат изгледот на населбата на подобро. Атмосферската канализација е проект што мора да се спроведе и не е само проблем тука, туку и во голем дел од населбите во Скопје. Не може да има половични решенија во градот, истакна Арсовска.

Локални избори 2021