недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 84
home Вести

Данела Арсовска: Немаше доволна дебата околу законот за прогресивно оданочување

Данела Арсовска: Немаше доволна дебата околу законот за прогресивно оданочување

Во вечерашната емисија Отворено на Тв 24 гостуваа актуелниот министер за финансии Драган Тевдовски универзитетскиот професор , поранешен министер за економија Трајко Славески и Данела Арсовска од Сојузот на стопанските комори каде што се зборуваше за економијата и за прогресивното оданочување кое е актуелно во јавноста.

Арсовска на прашање на новинарот дали сметаат дека овие промени во поглед на оданочувањето се козметички кажа дека она кое што ги загрижува бизнисите е дека Владата не дозволила доволна дискусија околу ова прашање.

„Најпрво се работи за нешто кое што сметаме дека немаше доволно дискусија за да можат да се дадат консултивни решенија односно да се даде наш инпут како понатаму не би имало проблеми при имплементацијата “

Таа исто така спомна дека оваа измена и реформа не ги опфаќа само платите туку и договорите на дело преку хонорарите кои што се најчесто луѓе кои преставуваат дефицитарни професии во Република Македонија како и оданочување на дивидендите и слично. Арсовска истакна дека со ваква даночна реформа се стимулира и сивата економија што е погубно за економијата.

Коронавирус