сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 90
home Вести

Дамјан Манчевски во самоизолација: Позитивни на Ковид- 19 се неговиот заменик и возачот

Дамјан Манчевски во самоизолација: Позитивни на Ковид- 19 се неговиот заменик и возачот

Министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски на својот Фејсбук профил соопшти дека ќе оди во самоизолација.

„Каков ден. Се решаваше судбината на државата. Уверен сум дека граѓаните мудро одлучија и решија државата да продолжи напред.

Во исто време, откако пројавија симптоми, заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски и мојот возач денес се тестираа и се покажаа позитивни на Ковид- 19. Согласно препораките на епидемиолозите во следните тринаесет дена ќе бидам во самоизолација. Чувајте се и бидете здрави“, напиша министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на фејсбук.

Најнови вести

Локални избори 2021