петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 158
home Вести

Дамчевска Илиевска кон СДСМ: Со што ние како Република Македонија сме се мешале во соседните држави?

Дамчевска Илиевска кон СДСМ: Со што ние како Република Македонија сме се мешале во соседните држави?

Искрено би сакала да ми кажете, доколку можете накратко со што ние како Република Македонија сме се мешале во соседните држави, со кои негативни аспирации, бидејќи јас лично сметам дека ние како Република Македонија сме пример за углед како треба да се почитуваат, запраша Весна Дамчевска Илиевска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, при заседавање на денешната седница.

-Дали не забележувате, постои преголема самосервилност и прифаќање на поодредена улога на Република Македонија со сите досегашни амандмани и генерално со договорот во Преспа. Неангажираност на реципроцитет да речеме, ако ние се ангажираме дополнително, иако покажуваме почитување на границите, и со Устав е регулирано и со меѓународни права. Дополнително се прифаќа со амандмани да се ангажираме за да се сочуваат границите на соседите. Но не гледаме дека од другата страна постои реципроцитет, посочи Дамчевска Илиевска.

Коронавирус