петок, 4. декември 2020. Вести денес: 129
home Вести

Далип со повик до Египќаните: Во недела да ја поддржиме Силјановска

Далип со повик до Египќаните: Во недела да ја поддржиме Силјановска

Како НГИ „Коалиција на Египќаните“ јавно ги повикуваме сите Египќани кои имаат право на глас, во недела, масовно да излезат на гласање и да го поддржат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Проф. Д-р Гордана Силјаноска Давкова, повикаа од таму.

-Ова, произлегува од заложбите на професорката Силјаноска за спроведување на начелото на правична и соодветна застапеност, подршка на ранливите категории, меѓу кои спаѓа и етничката заедница на Египќаните, како најмаргинализирана и институционално најнеинтегрирана етничка заедница. Со победата на Проф. Д-р Гордана Силјаноска Давкова, Египќаните имаат свој подржувач, кој несебечно ќе им помогне во нивните легитимни барања, истакна во дописот лидерот на НГИ „Коалиција на Египќани“, Демир Далип.

Коронавирус