среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 157
home Вести

Далип: СДСМ ми врши политички прогон

Далип: СДСМ ми врши политички прогон

СДСМ во неможност да добие датум за започнување на преговорите со ЕУ, почна да испорачува страв, закани, уцени и политички прогонства кон сите оние кои што не мислат како СДСМ., против секој слободомислечки граганин, а особено таргет група им се оние кои се коалициони партнери на ВМРО ДПМНЕ или пак ги подржуваат ставовите и политиките на ВМРО ДПМНЕ, вели Демир Далип од партијата на Египканите.

-Во тој прогон се злупотребуваат институциите на системот, за пресметка со политичките неистомисленици. Жртва сум на еден политички прогон , и за ова состојба известени се мисијата на ОБСЕ, како и Амбасадитена ЕУ, Германија, Франција, Италија. Во ова насока, сакам да истакнам дека, за сите кои неосновано , нечовечки се однесуваат во однос на политичките неистомисленици ке бидат поднесени соодветни КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ, во смисол на чл.353 од Кривичниот Законик. Република Македонија , и не може да биде рамноправна членка на ЕУ, кога имате најмногу политички затвореници со изречени драконски казни, кога се гонат поранешни Претседатели на судови, а нивна најголема ,,бина,, е тоа што не мислат како врвот на СДСМ, истакна во својата реакција за КУРИР, лидеот на ,,КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПКАНИ,, истакна Далип.

Најнови вести

Локални избори 2021