четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 177
home Вести

Дали Зоран Заев ја лаже македонската јавност?

Дали Зоран Заев ја лаже македонската јавност?

На интернет страната на Венецијанската Комисија при советот на Европа може да се забележи дека никаде не е пристигнато барањето на Македонија за оценка на уставноста на Законот за употреба на јазиците.

Доколку отидете на опцијата за да ги прегледате документите кои треба да се разгледаат и таму го нема овој Закон.

Единствено што може да се забележи е дека ќе се оценува нацрт законот за превенција и заштита против дискриминација предложен од Министерството за труд и социјална политика и толку.

Други закони кои се за оценување, а се пристигнати од Македонија нема.

Иако преставниците на Владата на СДСМ и Зоран Заев веќе со месеци ја убедуваат македонската јавност дека законот е испратен на оценување во Венецијанската Комисија сепак доказите го потврдуваат спротивното.

Кон ваквите тврдења се приклучи и професорката Гордана Силјановска која во гостувањето на ТВ Нова потврди дека ваквиот закон сеуште не е пристигнат на оценување во Венецијанската комисија.

Дополнително досега не е забележано да се испрати било каков закон  до Венецијанската комисја откако ќе се изгласа. Праксата обично покажува дека тоа најпрво се прави пред да се донесе законот за евентувално забелешките кои ќе ги констатира Венецијанската комисија да се вградат во предлог законот. Ваквата постапка на Владата на СДСМ е невидена во досегашната практика.

Најнови вести

Коронавирус