среда, 2. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Дали знае Златко Марин дека во општината се градат дивоградби, без издадена потребна документација?

Дали знае Златко Марин дека во општината се градат дивоградби, без издадена потребна документација?

Во општина Аеродром функционира само криминалот и ништо друго. Се наоѓаме пред градилиште, каде што инвеститор повеќе од еден месец гради нов објект – колективна зграда, без издадено правосилно одобрение за градење. Иако е обврзан согласно закон да истакне табла со датум и број на издадено одобрение за градење, како што може да забележите освен импровизирана ограда, на лице место не може да се забележи ништо друго, изјави денес Пане Антовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Како советничка група побаравме инспекцијата од општина Аеродром да изврши увид на лице место и да ја констатира фактичката состојба, меѓутоа и по една недела молк. Дали причината за непостапување на општинската администрација е тоа што еден од инвеститорите е и Бранислав Јаргиќ? Во каква роднинска врска е ова лице со претседателот на совет на општина Аеродром, Ивана Цветковска, претходно Јаргиќ? Зошто во период на најголемо загадување во Аеродром, општината дозволува блиски луѓе на власта, самоволно, спротивно на закон, да изведуваат градежни активности и притоа да придонесуваат дополнително за енормно загадување во општината? Дали Златко Марин освен местење на криминални тендери, како што е последниот случај со топлиот оброк за учениците во целодневна настава, работи и нешто друго? Дали знае дека во општината се градат дивоградби, без издадена потребна документација? Општина Аеродром од најпосакувана општина за живеење, стана општина во која не се обезбедени основните услови за живот и нормално функционирање на граѓаните. Нема инвестиции во инфраструктура, нема нови училишта и градинки, нови паркови. И тоа што непречено се одвиваше успеа да го растури. Родителите на учениците се сведоци на проблемите со кои се соочуваат оваа учебна година, почнувајќи од проблемите со униформите, учебниците, немањето обезбедување и последното немањето на топол оброк. Повеќе од очигледно е дека Златко Марин и СДСМ единствено се грижат за нивните блиски да се вработат во администрацијата и да изградат зграда повеќе, макар тоа да е и спротивно на законот, истакна Антовски.

На ова самоволие мора да има крај, додава тој.

Коронавирус