петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 10
home Вести

Дали Заев забрзано подготвува терен за откажување од Гоце Делчев и промена на историјата?

Дали Заев забрзано подготвува терен за откажување од Гоце Делчев и промена на историјата?

Владата предводена од СДСМ очигледно спрема терен за откажување од Гоце Делчев и историјата, а на тоа укажуваат сите последни чекори како од македонска така и од бугарска страна.

Последен во низата сомнителни чекори на владата предводена од премиерот Зоран Заев е премолчената и тајна промена во македонската комисија за историски и образовни прашања. Имено далеку од очите на јавноста, без ничие знаење променет е членот на комисијата историчарот Дарко Стојанов, наводно поради лични обврски, а на негово место е поставен Огнен Вангелов, доктор по политички науки.

Зошто е сомнителна оваа промена? Како прво Вангелов е доктор по политички науки, а комисијата расправа историски прашања, и доаѓа на местото на историчар, а не на политиколог.

Како второ, самата промена се случи молчаливо, без ничие знаење, но и без одговори за јавноста. Како трето, Огнен Вангелов е син на професорот Атанас Вангелов кој е познат како долгогодишен член и активист на СДСМ и политиките на премиерот Зоран Заев.

Затоа тука се поставува прашањето, дали премиерот Зоран Заев со поставување на свој член во комисијата ќе се обиде да изврши притисок во истата за прифаќање на неговите политички барања по однос на историјата?

Оваа промена отвара голем сомнеж, затоа што се случува во исто време кога се погласни се најавите за конечно решавање на прашањето за Гоце Делчев и притисоците од страна на Бугарија за македонскиот јазик и идентитетот, за кој тие сметаат дека измислен од Тито во 1944 година.

Но, најголем е сомнежот затоа што истата се случи во време кога се состанаа македонската и бугарската комисија после толку долго време, а токму тема на тие разговори помеѓу комисиите беше токму прашањето за Гоце Делчев.

Според тоа што излезе во јавноста, а што го потврди и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, од бугарска страна се инсистира да се прифати дека Гоце Делчев е Македонец, но само во регионална смисла, односно како роден во областа Македонија. Додека пак во национална смисла се бара да се прифати дека Гоце Делчев е Бугарин, кој се борел за како што смета Бугарија, македонските Бугари од Македонија.

Со прифаќање на ова барање, Македонија практично ќе се откаже од столбот на македонскиот идентитет, односно од најголемиот македонски херој околу кој се градел идентитетот и борбата за современата македонска држава. Со откажување од Гоце Делчев, би се откажале од целиот тој илинденски период и од целата историја се до АСНОМ, со што де факто ќе се прифати дека тој дел од историјата и припаѓа на Бугарија.

Власта засега ги негира овие работи, но искуството ни кажува дека не треба да им се верува. Свежи се сеќавањата од промената на името и потпишувањето на Преспанскиот договор, кога иако тогаш премиерот Зоран Заев се колнеше и во своето семејство, на крајот сепак ги прифати грчките барања.

Искуството ни покажува дека владата предводена од СДСМ потфрла во дипломатските игри и е првата која се откажува од македонските црвени линии, токму затоа не треба да не чуди доколку на крајот испаднат за точни сите овие сомнежи и најави за Гоце Делчев и историјата.

Коронавирус